Се работи за нов рекорд за Токио, во споредба со досегашниот од 2019 кој е подобрен за некои си 150 милиони јени.
Од парите, според полицијата, околу 3 милијарди јени им се вратени на сопствениците, а некои си 480 милиони им се дадени на чесните пронаоѓачи кои ги откриле и вратиле паричниците во полиција, наместо да се прават дека ништо не било.
Меѓу вратените предмети исто така има и возачки дозволи и лични карти, 730.000 на број, и уште 390.000 „слободни“ за јавен превоз.
Инаку Јапонија има закон според кој секој што ќе најде пари мора да ги однесе во полиција а за тоа може да побара награда од 5 до 20 проценти од сумата ако сопственикот дојде по изгубеното.
Ако никој не си ги побара парите во рок од три месеци целата сума оди кај пронаоѓачот, а ако и тој не дојде да ги земе парите во рок од 2 месеци парите стануваат сопственост на локалните власти.
Еден од позабележливите и се уште нерешени случаи доаѓа од Сапоро каде кон крајот на јануари некој изгубил 10 милиони јени (70.000 евра) а работник во градска чистота ги нашол и ги однел во полиција. Полицијата има рок до крајот на април да го најде сопственикот на парите (за сега има пријавено 13 луѓе), а во спротивно сумата, затоа што е најдена од јавен службеник, ќе заврши кај локалните власти.