Откако пукна резилот беа отпуштени по еден висок функционер од компанијата задолжена за возовите, Ренфе, и од компанијата задолжена за инфраструктурата, Адиф, а деновиве оставка поднесе и државниот секретар за транспорт.
За да се корегира грешката возовите ќе треба од ново да се дизајнираат, а нивното пуштање е закажано најрано за 2026. Премиерот на Шпанија порача дека како надомест во двата шпански региона возењето до тогаш ќе биде бесплатно.
Хаосот се должи на тоа што Ренфе во 2019 објавува тендер за 31 воз со конкретни димензии. Во 2020, тендерот го добива производител од Баскија. По ова Ренфе ги испраќа сите технички детали за нарачаните возови, кои меѓудругото се базираат и на документацијата што ја добиле од Адиф за ширина на пругата и тунелите.
„Не одиме ние на терен да мериме тунели, ги земаме мерките од компанијата што ја поседува инфраструктурата и ги вклучуваме во тендерската документација.
Проблемот е што официјалните мерки за тунелите не одговараат на реалноста,“ изјавуваат неименувани извори од Ренфе.
Од Адиф порачуваат дека тие не одговараат за спецификациите на Ренфе.