Со постери, интернет банери и тв спотови со наслов „Ѝ требаш на твојата војска“, британската армија започна регрутна кампања наменета за „Генерацијата З“ во која спаѓаат оние меѓу 16 и 25 години.
Идејата на кампањата е да ги покажат како предности сите оние нивни карактеристики кои другите ги гледаат како мани: самоувереноста на они кои се опседнати со селфија, упорноста и посветеноста на оние кои цели ноќи мрежно играат игрици, темелноста и перфекционизмот на оние кои бавно враќаат колички во супер-маркет.
„Армијата поинаку гледа на луѓето и нивните квалитети. Сакаме да покажеме дека кај некои луѓе има потенцијал кој не се гледа од стереотипите околу нив,“ објаснува генерал Пол Нансон
На армијата ѝ требаат 82.500 војници и моментално се куси за едно 4.000 лица. Пред 6 години на аутсорсинг фирма ѝ биле дадени 495 милиони фунти да го решава ова прашање.
Ова не им е прва контроверзна кампања. Лани во јуни Гардијан пишуваше дека преку социјални медиуми таргетираат „стресени и ранливи“16 годишни тинејџери: во време кога тие ги чекаат финалните годишни оценки од кои зависи нивната деловна иднина, армијата им пушти реклами дека таа останува отворена и за оние со чкарт оценки.
Ама имаат и фини заебанции: