Отстранет споменик на Ганди пошто бил расист

Не е само Ќосето контроверзен. Не пости политичка личност на светов на кој не можат да му се најдат политички опашки. Еве го Махатма Ганди, симболот на ненасилниот отпор кон колонијализмот, честопати идеализиран како пророк, визионер и месија, тазе избркан од Универзитет во Гана, заради расизам.

Универзитетот во Акра, главниот град на Гана, има идеолошки проблеми со споменикот на Ганди уште од 2016 година, кога бил поставен на пригодна церемонија на која присуствувал и тогашниот индиски претседател Пранаб Мухерџи.

Професорите и студентите на овој универзитет велат дека не сакат да бидат постоветувани со делото на Махатма Ганди и дека во нивниот кампус првенство треба да имаат домашните, африкански херои, пред странските, особено ако се контроверзни како Ганди.

За што се работи?

Ганди како млад има живеено и работено во Јужна Африка. Уште тогаш станува инспирација за многу луѓе но истовремено има спорни ставови во врска со црнечкото население на таа држава. Ги нарекувал „Кафири“ што се смета за погрден расистики термин а му имаат ископано и изјави по кои е недвосмислено јасно дека Индијците ги сметал за „бескрајно супериорни“ во однос на црнците во Африка.

За таа темна страна на Ганди - овде

 

 

 

13 декември 2018 - 23:02