„Човек не може а да не се чувствува како некои од водечките ликови на движењето за втор референдум да го гледаат собирањето гласови чисто како обична формалност за останување во Европската унија.
Кога разговарам со некои од центристичките елементи на кампањата за Останување, добивам впечаток дека тие се чувствуваат како на првиот референдум тимот на Камерон да ги седнал на клупа за резерви, и очекуваат автоматска победа ако вториот пат тие - во целата нивна изборно-победничка величественост - ја водат кампањата,“ пишува колумнистката на Гардијан, Ели Меј О'Хејган.
Таа им реди дека проблем со ова е што про-ЕУ водачите не земаат предвид дека би можеле да заглават во блоковска битка со уште полевичарските елементи на движењето за останување, или да го повторат репертоарот од минатиот пат кога огромен дел од времето го потрошија на ругање на Џереми Корбин. Не е за заборавање и тоа дека иако многумина се чувствуваат прелажани од она што Џонсон и Фараж им го ветуваат пред минатото гласање, сепак мнозинството од луѓето што сакаа напуштање на ЕУ остануваат на својот став, па прегласувањето ќе го доживеат како газење на нивната волја и јасно извојувана победа.
„Крајно е веројатно дека на вториот референдум кампањата за напуштање ќе биде на стероиди, нејзините најужасни елементи ќе бидат уште погласни врескајќи предавство и притоа ќе бидат уште по радикални против имиграцијата...
... Ако кампањата за останување има свои сончеви долини за да и ги вети на земјава во случај на втор референдум, јас не знам како тие изгледаат. А ако политички коментатор кој минува 8 часа на ден читајќи и размислувајќи за актуелните настани не добил абер за тоа, малку е веројатно дека остатокот од земјата добила.
Овој проблем треба да се реши пред да може да се избори вториот референдум. Ако тоа не се случи, најдобриот исход на кој можеме да се надеваме е да се продолжи со пат-позицијата само со заменети улоги. А во најлошото сценарио, најреакционерните, десничарски елементи на британската политика повторно ќе излезат како победници,“ пишува Ели Меј О'Хејган.