Проблемот со пасошите и нивната испорака лежи во Федералната печатница на која во моментов ѝ се потребни осум недели да изработи исправа.
„Големи гужви се во канцелариите за пасоши и лични карти по градовите. Проблемот е во печатница, но мета на оправдани критики на апликантите се вработените во градските служби“, се жали Хелмут Деди, генерален директор на германската асоцијација на градови.
Уште во мај, минстерството за внатешни работи најави дека ќе има проблеми пасошите да се издаваат со темпо на кое навикнале граѓаните. Очигледно е дека после пандемијата во која се седеше дома и во државата, луѓето се потсетиле дека веќе не им е доволно да имаат лична карта и за можат да излезат надвор им требаат пасоши.
„За само четири недели, имавме нарачка од 600.000 пасоши, што се нема случено во историјата,“ соопшти министерството.
Од паника да не го добијат пасошот навреме за одмор, многу од засегнатите подоцна поднеле и второ барање за брза испорака која трае само три дена. Но тоа се нови трошоци; двете апликации заедно чинат околу 170 евра, пишува Билд.
Но, за разлика од нас, Германците не се навикнати да фрлаат пари за туѓи грешки.
„Граѓаните сега де факто плаќаат за проблемите на Федералната печатница. Ова е неприфатливо!“, вели адвокат кој бара трошоците за првата апликација да ги надомести министерството за внатрешни работи.
Ако пасошот не може да се добие навреме ни по брза постапка за одреден случај, постои и опција за привремена патна исправа која се издава веднаш, трае една година и треба да се врати кога ќе се добие регуларната. Тоа чини 26 евра.