На Ангела Меркел САД веќе не ѝ се пријатели

Во кампањата за реизборот што ја очекува во септември, освен што најави даночи олеснувања и полна вработеност, Ангела Меркел направи и една мала но доволно речита измена во својот вординг. 

Барем во последниве 4 години, не се случила ниeднаш германската канцеларка да ги спомне САД а претходно да не каже „нашите пријатели“. Така е од 2013 година, кога нејзината ЦДУ, заедно со сестринската партија од Баварија (Христијанска социјална унија) во заедничка програма не запечатија дека „наш најголем пријател вон Европа е Америка“.

Но, зборовите „пријатели“ и „пријателство“ ги нема во последната изборна програма на ЦДУ и ЦСУ која има наслов „За Германија во која живееме добро и среќно“.

За воља на вистината, тие зборови веќе извесно време ги нема ни од другата страна која Германија ја смета за битен, ваков, онаков - партнер, ама не и пријател.

Се разбира, човекот кој ја смени атмосферата е Доналд Трамп кој никако не може да се помири со трговскиот суфицит кој го има Германија во односите со САД а не престанува да им ги качува на нос и долговите кон НАТО.

Терминолошкото заладување на Меркел е во терца со промените на расположението на германската јавност кон САД. На 35% Германци САД уште им се симпатија, но на крајот на мандатот на Обама ги имаше 57%.

А и пријатели не се понашаат вака:

 

 

 

4 јули 2017 - 17:55