Чиа семето е познато уште во индијанските племиња и со векови се употребувало поради неговите извонредни корисни карактеристики. Се вели дека жените користеле само една лажица чиа семе за цел ден. Денес неговата моќ е повторно откриена. Заради високото ниво на Омега 3 масни киселини, протеини, антиоксиданси, витамини и минерали кое ги содржи чиа семето, има корисно влијание на целиот организам, како и на состојбата на кожата.
Чиа семето е најбогат ботанички извор на Омега 3 масни киселини кои се наоѓаат во природата, содржи повеќе Омега 3 масни киселини од рибиното масло. Содржи и 30% повеќе антиоксиданси од боровинките. Маслото од чиа, исто така е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.
Покрај сите други придобивки коишто ги нуди ова семе, како што се богат извор на Омега 3, одличен извор на протеини и вистински претставник на супер храната, чиа семето истовремено е одлично и како лек за болестите на кожата. Сите овие својства немаше да бидат забележани и да го најдат своето место во козметичката индустрија како епохално откритие за нега на кожа, доколку AVON не ја искористише моќта на чиа семето за првпат во својата нова линија за нега на кожа Nutra Effects.
Кога се работи конкретно за нега на кожа, чиа семето ја стабилизира масната и воспалената кожа, помага во борбата против инфекциите, го спречува создавањето на лузни и го намалува црвенилото. Намалувањето на појавата на воспаленија е голема предност за лицата кои се подложни на акни на кожата. За лицата со сува и испукана кожа, чиа семето помага при создавање на заштита која го одржува балансот на хидратација. Го лечи и подобрува квалитетот на епидермисот и го ублажува чешањето предизвикано од сувата кожа.
Антиоксидансите во чиа семето овозможуваат побрзо обновување на клетките на кожата и го блокираат штетното влијание на надворешните фактори. Со други зборови, помага во спречувањето на знаците на стареење и ја подобрува севкупната здравствена состојба на клетките на кожата.
Од каде ја црпи моќта ова минијатурно семе? Токму од внатрешноста. Омега 3 мастите спречуваат создавање на акни, брчки и придонесуваат за мазна кожа. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој го спречува создавањето на воспалителните процеси и појавата на брчки. Ја одржува вашата кожа еластична, мазна и мека. Витаминот B3, докажан антиинфламатор, помага во намалувањето на црвенилото кое често е проследено со дамки и истовремено и ја смирува кожата. Цинкот е докажано дека помага во намалувањето на создавање на себум и штити од создавање на бактериски инфекции предизвикани од акните. Цинкот исто така е неопходен елемент и за обновување на кожното ткиво. Помага за закрепнување на кожата по акните и го спречува појавувањето на лузни. Освен тоа, познат е и по својствата против стареењето на кожата.
А, дали постојат нус-појави од употребата на чиа? Да, вашата кожа ќе добие здрав сјај, ќе заборавите на сите проблеми што сте ги имале со кожата и ќе доживеете огромно зголемување на енергија!
(комерцијален текст)