Кина ги шие САД во чисти енергии

Иако главно се смета за главен виновник за глобалното загадување, Кина сериозно работи на случајот и лани инвестирала повеќе од Америка, Франција и Англија, комбинирано.

Противниците на Барак Обама и неговите климатски политики, каков што е републиканскиот кандидат за претседател Марко Рубио, често пати знаат да кажат дека сите американски пари потрошени за чисти енергии се залудно фрлени бидејќи тоа истовремено не го прават земји како Индија или Кина.

А вистината е сосема обратна.

За првпат во историјата, мнозинството инвестиции во проекти за одржливи енергии лани се реализирале во земји во развој. Всушност, Кина во вакви проекти иневстирала повеќе од САД, Велика Британија и Франција, заедно.

 

Во 55 земји што не се дел од ОЕЦД, инвестициите во чисти енергии лани достигнале 126 милијарди долари, што е рекорден износ досега и за 39 % поголем од нивото од претходната година.

Кина одби да се обврзува на задолжителни стапки за намалување на емисиите на штетен гас до 2030-та година, но, работи на случајот.

26 ноември 2015 - 15:17