Како ќе изгледа британското знаме ако Шкотска се отцепи?

За 10 месеци Шкотите ќе одлучуваат за својата независност од Кралството, истото кралство чие знаме се базира на спојувањето на круните на Англија и Шкотска.

И пред 400 години кога се спојувале крстот на Сент Џорџ и крстот на Сент Ендру, двете страни биле гневни за тоа како ќе се искомбинираат двете знамиња. Шкотите сакале нивното знаме да биде од горе, Англичаните барале обратно. На крај со кралска прокламација било решено англиското знаме да е прво.

Веројатно најлесниот излез од целата ситуација е ако никој ништо не фаќа и да се прифати решението дека знамето останува исто затоа што Кралицата и понатаму останува поглавар на независна Шкотска.

Меѓутоа за секој случај првиот човек на Институтот за знамето, Чарлс Ашбурнер, прави анкета меѓу членовите на организацијата за нивните предлози за промената на знамето.

Првиот предлог го додава Велс, кој во времето кога било создавано денешното знаме се сметал за дел од Англија и не добил свој дел. Во него се комбинираат англиското знаме (црвен крст на бела позадина), со знамето на Сент Дејвид (жолт крст на црна позадина) кое иако не е официјално знаме на Велс, меѓу Велшаните има ист статус како што кај нас е знамето со сонцето од Кутлеш. Оваа варијанта го задржува денешниот изглед, со тоа што белата боја е заменета со жолта, а сината со црна.

 

Вториот предлог исто така го зема во предвид Велс, а според него сината боја сосема се вади од знамето, кое сега е половина бело (делот на Англија) а половина е зелено (делот на Велс). Црвените линии остануваат.

 

Третото решение е психоделија, и е комбинација од сегашното знаме + знамето на Сент Дејвид.

 

Четвртото сосема ги вади шкотските елементи од знамето и го додава кралскиот грб на Велика Британија, опкружен со венец од предмети симболични за нациите од Комонвелтот.

И покрај предлозите целата работа околу знамето не ни почната да се решава. Последната одлука за знамето од 1800-та ја носи личниот совет на Кралицата. Денес баш и не се сигурни кој ќе ја заврши оваа работа. Освен тоа, ако се додава Велс во знамето, тогаш ќе треба да има место и за Северна Ирска. Тука проблем е што Северна Ирска нема официјално знаме.

На сето ова треба да се имаат во предвид и големиот број држави кои во своето знаме содржат мини варијанта на Унион Џек (Австралија, Нов Зеланд, Хаваи...).

5 декември 2013 - 20:17