Како го прават тоа Американците

Една белешка од студијата „Историја на американското мировно движење“, од Дејвид Адамс, 1985 година.

Во Соединетите Американски држави, исто како и во Европа, постоеја јаки сили од владејачките класи кои ги поддржуваа фашистите во Европа бидејќи тие ги напаѓаа комунистите и Советскиот Сојуз.

Еден од најсилните про-Хитлер гласови доаѓаше од весниците на Хертс, кој беше голем и моќен ланец на мас-медиуми. Според Американската лига против војната и фашизмот, Херст директно беше финансиран од Хитлер со 400.000 долари годишно.

Кон крајот на 1941 година, кога Хитлеровите воени сили го нападнаа Советскиот сојуз, идниот американски претседател Хари Труман ќе каже:

„Ако гледаме дека Германија победува во војната, треба да ѝ помогнеме на Русија, а ако Русија ја добива војната, треба да ѝ помогнеме на Германија и на тој начин да им помогнеме да се испоубијат меѓусебно колку што можат повеќе.“ (Њујорк Тајмс, 24 јуни, 1941 година).

извор

******

Види и:

Американскиот сон за Рајхот

16 мај 2019 - 14:18