Како човек на Фајзер го притискал Твитер да сузбива непријатни вести

Сосема сериозен доктор и научник објавува твит дека на луѓе со природен имунитет не им е потребна вакцина бидејќи природната заштита и онака е супериорна во однос на онаа од вакцината. Човек од Фајзер веднаш се јавува „таму кај што треба“, а таму има кој да чуе па твитот добива етикета дека ги мами луѓето.

На 27 август 2021 година, доктор Скот Готлиб - директор на Фајзер со над 550.000 следбеници на Твитер - здогледува твит што не му се бендисува, твит што може да ја наруши продажбата на МРНК вакцините на Фајзер.

Твитот точно објаснува дека природниот имунитет по инфекцијата со ковид е супериорен во однос на заштитата од вакцини, ги повикува властите да ја следат науката и да ги ослободи луѓето со природен имунитет од претстојните задолжителности за вакцинирање.

Твитот не доаѓа од некој анти-ваксер туку од доктор Bрет Жироа, лекар кој накратко го наследува Готлиб како прв човек на Агенцијата за храна и лекови. Самиот твит и ги охрабрува луѓето кои немаат природен имунитет да се вакцинираат. 

Не менува тоа ништо. Продажбата на вакцини е во прашање.

Не само што е екс директор на Агенцијата и редовен експерт на НБЦ, Готлиб е висок член на одборот на Фајзер, компании на која над половина од профитот од 81 милијарда долари во 2021 ѝ дојде од вакцините. Истата година, за ангажман во одборот, Фајзер го плаќа Готлиб 365.000 долари.

Тој веднаш по меил го контактира Тод О Бојл од Твитер, човек кој бил „офицер за врска“ со Белата куќа. Му пишува дека твитот е „корозивен“ и дека „може да заврши вирално и да предизвика лавина од медиумски стории“.

А тоа не е добро за продажбата на вакцините на Фајзер.

Иако надлежниот сектор на Твитер не нашол прекршување на правилата за дезинформации, твитот на Жироа сепак бил обележан како "misleading", односно заведувачки.

И така тоа сознание не стана вирално, не предизвика лавина од медиумски стории и не се слушна широко дека на оние со природен имунитет не им е потребна вакцина па таа остана задолжителна за сите.

А тоа веќе е добро за продажбата на вакцините.

10 јануари 2023 - 14:23