И карантинот е масовен убиец

Деновиве беше објавена студија изработена по нарачка на британската влада за краткорочните и долгорочните последици од затворањето и карантините поврзани со пандемијата. Накратко, тие мерки ќе го намалат бројот на жртвите од ковид-19 но ќе додадат свои жртви. Оттука и прашањето, вредеше ли?

Студијата изработена од министерството за здравство и бирото за статистика проценува дека самата болест би убила околу 50.000 лица но одложеното третирање на другите болести ќе убие меѓу 12.000 и 25.000 луѓе краткорочно и дури 185.000 луѓе на подолг рок. На тоа треба да се додадат бројките од самоубиствата, домашното насилство и несреќните случаи настанати по дома.

Според овие проценки, како колатерни жртви на ставањето катанец на животот и бизнисите островот може да дојде до бројка од околу 200.000 лица.

Паралелно со ова, веќе се случува крах на економиите. Дури и во Шведска кој се реши на либерален пристап кон епидемијата, ќе има пад од 6%  но тоа е сепак двојно помалку од она што ги чека Франција и Италија.

„Кога „спасените“ животи, во огромен број случаи на стари лица, ќе се покажат само како кратко одложување на смртта, рамнотежата меѓу претпоставените бенефити од затворањето и штетите кои тоа ги прави изгледа далеку полошо. Треба да се осигураме дека ваквите неслободарски политики веќе нема да ни се повторат“, пишува Роб Лионс.

22 јули 2020 - 11:06