Министерот Жан Мишел Бланке, кој се смета за водечка политичка фигура во француската војна против „разбуденоста“, најави дека в година ќе се прошири наставата со дополнително изучување на латинскиот и старогрчкиот јазик како и делата создадени на тие јазици.
Бланке смета дека на младите Французи ова им е потребно за да можат да ја развијат сопствената култура па античкото културно наследство засилено ќе се изучува во средните училишта.
Заканите по латинскиот и старогрчкиот воопшто не се измислени; угледниот Принстон летово најави дека студентите по класични студии веќе нема да мораат да учат латински и грчки, а се работи за столбови на таа дисциплина. Професорот Пералта од Принстон тврди дека преку две илјади години, античките јазици се користат за да се оправда ропството, колонијализмот и фашизмот.
Сличен потег повлече и едно средно училиште од Масачусетс кое објави дека ја отстранува Хомеровата Одисеја од наставната програма бидејќи се косела со анти-расистичката агенда која тие сакале да ја промовираат.
„Интелектуалците кои сметаат дека Франција е контаминирана од увозното американско левичарење дополнително се охрабрија откако од нивна страна застана и францускиот претседател Макрон кој предупреди на некои социјални теории кои комплетно се увезени од САД“, пишавме во статијата Франција е загрижена од "будење" на американски начин.