Бразилците кои живеат во офсајд

Една единствена фотографија која доволно јасно го објаснува феноменот зошто сите Бразилци кои се луди по фудбал не се луди и поради тоа тоа што нивната држава е домаќини на најголемиот фудбалски настан во светот.

Тоа е таа фотографија на фоторепортерот Едимар Соарес, направена за време на "генералната проба" за Мундијалот, Купот на конфедерациите минатиот јуни.

СП 2014-та ќе го чини Бразил 11 милијарди долари и од целиот тој спектакл земјата ќе види малку фајде.

Во моментов, илјадници Бразилци живеат во импровизирани градови - шатори, изместени од своите родни ќерпичи бидејќи пречеле во организацијата на ивентот.

"Ние го обожаваме и фудбалот и нашата репрезентација но ќе беше многу попаметно парите да ги потрошиме на инфраструктура, училишта и болници," вели еден професор по социологија од Бразил, сумирајќи ги причините за големите отпори кон скапиот домаќинлук на СП.

16 јуни 2014 - 08:46