„Тој е лицето и главниот портпарол на канадската влада, но политиките, иницијативите и наративите кои упорно ги турка, а кои според мене се анти-слободарски и анти-канадскис, доаѓаат од повисок круговии, од групи како Светскиот економски форум, Билдерберг....“, вели Кајл Кемпер.
„На таквите инстанци им се потребни нивни луѓе во највисоките политички и државни кругови и затоа она што го гледаме ширум светот се слаби лидери кои се подготвени да дејствуваат како нечии портпароли. “
Кајл не е само полубрат на Џастин и син на Маргарет Трудо туку е и човек со сериозно бизнис портфолио. Основач и ЦЕО е на Swiss Key, а претходно беше извршен директор и стратешки советник на канадската комора за дигитална комерција.
Вели дека кога ги гледате заташканите приказни како онаа со Џефри Епстин, ви станува јасно колку е лесно луѓе да бидат фатени во стапица и уценувани поради нешто што имаат сторено во животот а не сакаат тоа да излезе во јавноста. Накратко, сугерира дека е можно злотвори како Клаус Шваб да имаат некаков компромитирачки материјал за Трудо со кој го држат в раце.
„Уцената е многу моќна алатка,“ додава Кемпер.