Главен виновник за банкротот е Лари Насар, поранешниот доктор во американската олимписка гимнастичка екипа кој на почетокот на оваа година, за сексуално малтретирање беше осуден на затворска казна меѓу 40 и 175 години (по која формула дошле до онаа петка на крајот никогаш нема да ни стане години). Во паралелен случај му беа додадени уште 60 години затвор (која казна прво ќе ја одлежи, и тоа нема да ни стане јасно).
Прва против него проговори Кајли Стефани која Насар сексуално ја злоупотребувал цели 6 години а таа семејна траума довела и до самоубиство на нејзиниот татко. По неа се случи вистинска лавина од жени кои се охрабрија да проговорат за своите искуства со Насар. Речиси 160 жени го сторија тоа а се проценува дека заедно со случаите од странство, на адреса на Американската гимнастика ќе стигнат околу 400 поплаки со соодветни барања за отштета.
Меѓу жртвите има и добитнички на златни медали на Олимпијади и светски првенства а некои од нив биле сексуално злоупотребувани и кога имале помалку од 13 години.
Насар на суд ја призна вината но тврдеше дека ситуациите од сведоштвата биле „недоразбирање“.
Иако после самото избивање на скандалот беа поднесени многу оставки во оваа спортска организација која брои 200.000 членови, обвинителството оцени дека проблемите се подлабоки и дека ваква организација е не само финансиски туку и морално банкротирана.