Американците пред да бидат Американци

Од 1-ви јануари 1892-ра до затворањето во 1954-та, преку островот Елис во САД имаат влезено над 12 милиони бегалци од цел свет. По некои математики, 40% од денешните Американци водат потекло од имигрантите влезени во САД преку островот.

На почетокот од 20-от век Аугустус Шерман е шеф на регистрации на Елис, а во меѓувреме и аматер фотограф. Позицијата и хобито ги користи за да создаде колекција фотографии од припадниците на најразличните народи низ светот, кои го минале Атлантикот за да станат Американци.

Неговата колекција е објавена во Нешнл Географик во 1907, а моментално е дел од Јавната библиотека на Њујорк.

Тоа што преку островот минуваат 12 милиони луѓе за да станат Американци ни најмалку не го отсликува патешествието што тие го имаат при оваа процедура. Освен тоа по Првата светска војна, илјадници осомничени "странски радикали" се во притвор на островот, а во 1920-те тие престануваат да примаат бегалци од одредени националности, вклучително Јужна и Источна Европа.

И покрај целата уникатност и индивидуалност што нашите генерации мислат дека ја поседуваат, овие фотографии да беа денес направени немаше да бидат ни приближно шаренолики како што тоа било пред стотина години.

Жена и деца од Лапонија:

 

Војник од Албанија:


Маж од Данска:


Жени од Гвадалупе:

 

Баварец:

 

Индус:


Италијанки:


Норвежaнка:

 

Неколку мажи од Романија:


Украинка:

 

Жени од Словачка:

 

Алжирец:

 

Козаци:

 

Грк:

 

Деца и жени од Холандија:

 

Германец:

26 октомври 2015 - 11:14