Поранешниот шеф на одделот за антикорупција и економски криминал во руското министерсство за внатрешни работи беше упасен во 2014 година заради сомневања дека во својот оддел формирал криминална група која се занимавала со рекет, и уцени и општа злоупотреба на моќта и функцијата.
Брзо по неговото апсење, еден од неговите потчинети во групата, генералот Борис Колесников умре по пад од шести кат, што органите брзо го прогласија за самоубиство.
Во текот на судењето на виделина излегоа докази дека добар дел од незаконските дејствија, групата не ги правела за материјална корист туку за напредување во службата и јакнење на својата моќ. Затоа уценувале колеги, бизнисмени и други лица.
А така и беа фатени, кога се обиделе да наместат колега од министерството и да му подметнат мито од 10.000 долари. Но овој испаднал поербап па ги наместил двојно.