2018, годината кога Америка ја заврши војната против тероризмот и се сврте кон Кина и Русија

Уште пред почетокот 2018 беше сериозно важна за американската војска главно заради обемниот буџет што Трамп одлучи да го издвои за вооружените сили на земјата и сè придружно.

Она што изненади во текот на годината е што зголемениот буџет не само што не беше искористен за засилување на борбата против тероризмот, онаму каде што требаше, туку властите одлучија да прогласат победа во оваа борба и да почнат да се повлекуваат од најразличните боишта низ муслиманскиот свет.

Министерот за одбрана, Џејмс Матис почна да ги пренасочува вооружените сили од борбата против тероризмот, кон парирање на Русија и Кина. Пентагон дејствува и превентивно па (и покрај прилично обемна меѓународна критика) решава да основа Вселенски сили.

Повлекувањето од Авганистан е објаснето како резултат на успехот на стратегијата на Пентагон и покрај тоа што Талибанците контролираат се повеќе и повеќе предели од земјата. За крајот на годината да биде завршен со наредба за повлекување на американските сили од Сирија, што доведе до оставка на Матис.

Форин полиси се обидува 2018 на тема одбрана да ја сведе на 5 стории:

1. Новиот кинески носач на авиони веќе е застарен

25 април
Самите обемни напори на Кина во изминативе две децении за модернизирање на својата морнарица доведоа до тоа носачите на авиони да бидат застарени. Пекинг веќе располага со десетици подморници, флота воени авиони, и проектили кои можат да бидат испукани од воздух, земја, вода и под море, и сè со цел да се направи посебно опасно за големите бродови да оперираат во близина на кинескиот брег. Кинезите развија дури и комплетно нова класа на оружје - против-бродска ракета насловена „убиец на носачи“. Па, зошто Кина сега инвестира во сопствена флота?


2. Руското блокирање на комуникациите преставува се поголема закана за американските сили во Сирија

30 јули
Американските сили распоредени во Сирија кои биле жртви на руските електронски напади тврдат дека тие не се ништо помалку опасни отколку конвенционалните напади со бомби и артилерија. За Американците користат од овие напади е што имаат шанса од блиску да ја искусат руската технологија на бојното поле и да видат како ќе се бранат од нејзе.


3. Зошто војската мора да научи да ја сака Силициумската долина

12 септември
Бавните напори на Пентагон да изгради сопствен масивен облак во кој безбедно ќе се чуваат и категоризираат тајни информации ја покажува некомпатибилноста на тромиот и без склоност кон ризици Пентагон и агилната, иновативна комерцијална технолошка индустрија. Но ова исто така го присили Пентагон да „се соочи со отрезнувачка вистина: ако се надева да ја одржи воената доминантност на САД, тој мора да направи таквите партнерства за функционираат“.

 

4. Тајван може да победи во војна против Кина

25 септември
Според авторот, Танер Грир, кинеските команданти се плашат дека може ќе бидат присилени да влезат во воен судир со непријател кој е подобро обучен, повеќе мотивиран, и подобро подготвен за војна отколку војската што кинеската армија би можела да ја извади против нив. „Војна меѓу двете страни многу помалку изгледа како неизбежна победа за Кина отколку што изгледа како се поризична коцка.“

 

5. Како генералите ги бркаат политичките експерти од Пентагон

15 ноември
Фрустрирани од недостатокот на влијание и обесхрабрени од реториката на Трамп, цивилите вработени во Пентагон се повеќе гледаат да заминат, оставајќи ги непополнетите клучни позиции во Пентагон да бидат управувани од активен или пензиониран воен персонал.

26 декември 2018 - 16:38