Кога активистката Стела Јанг ја состави фразата „инспирејшн порн “ во 2012, тоа беше за да го опише претставувањето на луѓето со инвалидитет како инспиративно исклучиво, или делумно, по основа на нивниот инвалидитет.
Како предлогот „и покрај тоа“, и „ти си толку инспиративна“ како да функционира само како точка на контраст.
Ако речеш дека некој е инспиративен откако си го видел како прави некој физички подвиг, наместо да кажеш „ти си стварно добра во тоа што го правиш“, треба да знаеш дека го навредуваш.
Кога е спортот во прашање јас не сум „и покрај“ мојот инвалидитет, јас сум „заради“ мојот инвалидитет.
Заради мојот инвалидитет, националниот здравствен систем има бројни третмани кои ќе ме вратат на нозе.
Заради мојот инвалидитет, јас морам да одржувам високо ниво на физичка подготвеност.
Кога ќе кажеш дека спортист е инспиративен, ти нему му го одземаш правото да коментира за кој било позитивен аспект на својот инвалидитет.
Наративот секогаш е дека јас сум освоила злато со тоа што сум го надминала мојот инвалидитет. Сепак, со тоа што инвалидитетот го претставуваш како противник, ти го отстрануваш акцентот на стекнување некоја вештина во спортот.
Тоа значи дека успехот на параолимпијците главно е во нивната глава; дека со доволно решителност можеш да постигнеш што сакаш. Како јас случајно да можам со мислите да излезам од мојата церебрална парализа. Како да оние со посериозен спастицитет да се самите виновни за тоа што не биле доволно упорни како деца.
Иронијата е дека најголемиот дел параолимпијци се во хармонија со своите тела во моментот кога ќе стигнат на Игрите. Најдоминантни во нивните категории затоа што го имаат најдобриот инвалидитет. Тие трошат многу помалку време на ментални дилеми околу себе, а повеќе посветувајќи се да станат неверојатно добри во своите дисциплини.
Во основа тие ги освојуваат медалите на ист начин како и најдобрите атлетичари.
Јавноста не гледа голем број од нашите настани, но посебно не ја гледаат нашата напорна работа.
Ние претпоставуваме дека мускулната маса се должи на времето минато во теретана, а искалените тела се од времето минато во вежби за издржливост.
Секој што се движи поинаку - чија сила или кондиција е претставена на поинаков начин - нема да добие статус.
Тоа значи дека грациозност, вештина и мускулна маса се уште припаѓаат на типичниот мозок и типичните мускули. И спортските достигнувања се нивни.
Се прашувам дали тоа што како параолимпијци правиме луѓето без инвалидитет да се чувствуваат подобро околу работите што тие ги сметаат за непријатни, всушност нема никаква врска со спортските постигнувања.
Секако сторијата дека белгиската параолимпијка одлучи да го заврши својот живот со еутаназија беше поприсутна во вестите отколку моето Светско првенство. Секако најблискиот параолимпиец со и најмалку слично пореметување беше храбрен да не ја менува својата одлука да остане жив.
Јас верувам во правото на избор - но посебно во правото јас да изберам како мојата физичка појава ќе биде претставена.
Па за Токио 2020, и за годинешниот Меѓународен ден на лицата со инвалидитет, јас си ја земам инспиративноста назад за себе.