Дополнувајќи „Зошто Господ би требало повеќе да ја преферира Аргентина од Нигерија, дозволувајќи гол да даде првата а не втората? Каков тоа Господ обожуваат некои луѓе?“
Кај Италијанците има поговорка која гласи „non cade una foglia se Dio non voglia“ (отприлика „ни лист не паѓа ако Господ не сакал така“).
Не е на новинарите од општ тип (а уште помалку на коментатор од општ смер, како што јавно ми се исмева една колешка) да влегуваат во теолошки расправи за односите меѓу слободната волја и божјата детерминација.
Стварно, дали Бог одлучил, откако малку размислил, Бланка Влашиќ да постигне исклучителни резултати, но притоа да не постигне светски рекорд?
Во крајна линија што ќе ти е тогаш тренинг? Можам и јас да трчам 100 метри за 7 секунди - ако ме дарува со тоа чудо (и зошто тоа би го правел кој било, просечен или натпросечен, од тука до крајот на вселената и назад?).
Затоа читателот го мачи уште едно прашање: „Зошто црквата молчи трпејќи христијанството да се меша со најбедно празноверие?“
Секако, одговараат од редакцијата, ниту Меси беше прв, ниту фудбалот е најстрашниот пример за такво претворање на верата во празноверие.
Па потсетија дека Диего Армандо Марадона во 1986, давајќи и гол на одвратната Англија со рака (која судијата наводно не ја видел), објасни дека тоа не бил негов еклатантен прекршок на фудбалските правила, бидејќи во таа прилика на дело се покажала „Божјата рака“.
Мене тоа ми е хулење, ама па јас не сум од таа религија (ниту пак од фудбалската). Можеби грешам (иако се помалку, како што минуваат годините).
„Во Господ веруваме“ пишуваат Американците на своите банкноти, иако до изреката не е христијански туку масонски симбол. Во „богот на Парите“ би дополнил сегашниот Папа.
По мое, уште додека како дете го читав Сјенкјевич, хулење било и мотото на витезите од Тевтонски ред „Gott mit uns“ (Господ е со нас, „Съ нами Богъ!“ од словенската литургија) додека во тоа име ги таманеле Словените и балтичките народи. Тоа мото останува и во кралството Прусија која зачувува што осакатен, што асимилиран народ (зарем Господ така сакал?), за на крај да биде наследено и од Третиот Рајх, фокусиран на искоренување на избраниот народ на Бога.
Па ни тогаш стрелата Господова не падна од небото (иако по некој гром секое лето убива по некој пливач во Италија).
Хашек дури и се подбиваше со воените свештеници кои, од едната и од другата страна на бојното поле, покајувачки го молеа Семожниот да ги убие и осакати Христијаните од онаа другата страна.
Во споредба со тоа прст кон небо - кој по постигнатиот гол го вперуваат кон Божјиот дом некои и христијански и муслимански играчи - изгледа наивно и невино. Но ни најмалку поинтелигентно. Стварно, кој дрес денес го носи Отецот Небесен?
Биди Господе со нас...