Демонизирањето на Полска и Унгарија

„Во нашиот поларизиран медиумски пејсаж, митови и невистини се шират како шумски пожар. Во отсуство на дискусии и дебати, новинарите денес често завршуваат одгледувајќи паралелни светови. Го гледаат она што сакаат да го видат“, пишува Френк Фуреди за медиумскиот третман на европските земји кои не го забораваат прашањето за националниот суверенитет. 

„Ова искривување може да го видите во покривањето на настаните во Унгарија и Полска во западните медиуми. Ако го земете тоа здраво за готово, ќе бидете убедени дека таму демократскиот живот и владеењето на правото се соборени од тирански и авторитарни влади.

Толку се сигурни западните новинари во нивното гледање на Унгарија и Полска како диктаторски режими во формирање, што нивното покривање рутински игнорира сè што е во спротивност со тоа - како што е слободата на собирање и изразување што ја уживаат граѓаните таму. На пример, сум гледал големи демонстрации на гневни демонстранти во Будимпешта во кои се користеле и насилни средства. Ако Унгарија навистина беше толку авторитарна како што тврдат западните новинари, овие демонстранти сигурно ќе наидеа на жесток одговор. Но, протестите што ги видов поминаа без инциденти.

Споредете го тоа со начинот на кој минуваат демонстрации во Франција. Помеѓу ноември 2018 и јануари 2019 година, „жолтите елеци“ организираа неколку големи протести во Париз и низ целата земја. Благодарение главно на бруталните тактики на француската полиција, стотици демонстранти се здобија со сериозни повреди кои им го сменија животот.

Сепак, каде беа уредничките коментари и колумните да ги критикуваат „тиранските инстинкти“ на француската полиција? Каде беа извештаите што алудираат на „растечката диктатура“ во Франција? Се чини дека оние кои рутински ги осудуваат Унгарија или Полска како авторитарни режими се слепи кога станува збор за очигледните примери на авторитарност меѓу западноевропските држави.

Ваквиот двоен стандард во известувањето сега е толку темелно вкоренет, што малкумина дури и го забележуваат. Новинарот Дејвид Ааронович дава парадигматичен пример за такви тенденциозни коментари во неодамнешниот текст за „Тајмс“, насловен како „Нерешителноста на ЕУ дозволува путинизмот да завладее“.

Повикувањето на Унгарија и Полска на националниот сувеернитет, Ааронович го смета за закана за ЕУ. Се разбира, тој секако има право да го отфрла принципот на национален суверенитет и да се залага за приматот на европскиот федерализам. Сепак, наместо да дискутира за неговата федералистичка кауза, тој ја повикува ЕУ да им се спротивстави на Унгарија и Полска со образложение дека тие брзо лизгале кон авторитаризам.

Бидејќи е краток со примери за неговото тврдење за авторитарната природа или на Полска или на Унгарија, Ааронович се потпира на субјективни тврдења и инсинуации: „Овде зборуваме за притаена путинизација во која е дозволено гласање, но владејачката партија сè повеќе ги држи сите асови“.

Далеку сме од тоа да ни е јасно како системот на гласање во Полска или Унгарија е доказ за „притаена путинизација“. Земете ја Унгарија. Никогаш немало сериозно тврдење за изборна измама, дури и од опозициски политичари кои се против владата на Виктор Орбан. Без разлика дали Ааронович верува или не, во Унгарија гласачките кутии не исчезнуваат а гласовите се бројат.

Како Ааронович ја објаснува победата на опозициските партии во Будимпешта и на други места за време на минатогодишните локални избори - ако, како што наведува тој, „владејачката партија ги држи сите асови“? Како тој ја објаснува жестата кампања за општите избори што се одвива во моментов во Унгарија? Според сите сметки, исходот е многу тешко да се предвиди, што не би било случај ако владејачката партија ги „држеше сите асови“.

Сугерирањето дека законите н ЕУ мора да надвладеат во Полска за таа да мож да се спротивстави на „постојаното лизгање кон авторитаризам“ е чуден пример за политичка шашма. Одлуката да се преиспита надмоќта на европското право над полскиот устав не е авторитарен потег. Тоа е обид да се брани суверенитетот на легалните полски институции.

Оваа демонизација на Унгарија и Полска е слична на про-ЕУ кампањата „Проектото Страв“ спроведена за време на референдумот за Брегзит. Ааронович зборува дека „влогот“ е „неверојатно голем“ во спорот меѓу Полска и ЕУ. Тој го осудува „долгиот и лош каталог на мерки“ преземени од владите на Унгарија и Полска, а притоа предупредува дека „ниту една од нив не вклучува егзекуции или тортура“. Зошто да се споменат „егзекуции и мачења“ ако не се подразбира дека Полска и Унгарија натаму одат?

Ова навистина е искривување на реалноста. Полското отфрлање на супремацијата на европското право може да биде неприфатливо за новинарите кои се за останување во ЕУ. Но, тоа да се претставува како авторитарен потег е интелектуално нечесно. Владите на Полска и Унгарија не се вонаби диктатури. Тие само го потврдуваат својот национален суверенитет – принцип што треба да го поддржат сите демократи“.

Френк Фуреди,
автор на „100 години идеентитетски кризи: Културна војна за социјализмот“

 

 

2 ноември 2021 - 13:31