Миленичката на модерната читателска публика во Македонија, позната по својата книга „Љубов на улица" и по настапите на „Поетики дизајн" во склоп на Скопската недела на дизајн, меѓународниот книжевен фестивал „Млади Рими" во Љубљана и Струшките вечери на поезијата, во рамките на програмата „Ноќи без интерпункција", еден од основоположниците на иницијативата #ретвитниоброк и голем поддржувач и гласноговорник за многу горечки општествено-одговорни теми, доби писмо со благодарност за сиот труд и посветеност во напорите за градење на подобар свет.
Во писмото меѓу другото пишува:
„Поткренавме прсти и погледнавме кон небото и видовме девојка која ги усреќува бездомниците со топол оброк, но ги лекува и сите останатите со својата поезија.
Девојка која концептот на љубов го всадува во секоја приказна која ја живее.
Еднаш те прашаа: Имаш ли идеја што сакаш да постигне твојата поезија?
Ана, твојата поезија ги допре нашите срца.
Твојот повтеж за подобар свет нé инспирираше да бидеме подобри луѓе и подобри сограѓани.
Остани ваков светол поетски субјект и обична градска девојка каква што си.
Ти благодариме за твојот придонес кон заедницата.
Благодариме што инспирираш.
Благодариме што постоиш.
Продолжи да го правиш она што го сакаш, но највеќе од сé, продолжи да ја користиш моќта на твоето грло да зборуваш за нештата во кои веруваш бидејќи: Твоето грло е твојата моќ!"
Ана писмото го објави и на својот Фејсбук профил.
(комерцијален текст)