Еве како да ги „читате” очите:
- Неправилна храна- Едноличната и нездрава исхрана може да предизвика суви, иритирани очи, како и заматен вид. Затоа, разновидната храна треба да ви е задолжителна на трпезата, а овошјето и зеленчукот секојдневно да ги конзумирате.
- Дали боите ги гледате избледено? Тоа може да биде знак за катаракта ( перде ) во почетна фаза или други здравстевни проблеми. На Одделот за катарктна хирургија во Систина Офталмологија, која е дел од групацијата „Свјетлост” од Загреб детално ќе ве прегледаат и доколку се работи за катаракта, таа брзо и лесно ќе ви се отстрани.
- Доколку очите ве чешаат, црвени ви се или ви солзат, тоа може да е знак дека имате алергија. При појава на очните алергии најважно е брзо да реагирате, односно да ве прегледа очен лекар чии препораки и совети ќе ви помогнат во успешното лекување.
- Пожолтени очи може да се знак за проблеми со црниот дроб.
- Суви очи можат да се предзнак и за автоимуна болест. Тоа значи дека одбрамбениот механизам на телото против микроби кои предизвикуваат болести, почнува да напаѓа здрави клетки.
- Протеинот амилоид кој се создава кај луѓето кои имаат Алѕхајмерова болест, може да се појави во ретината, како предупредување за ваквата состојба. На Одделот за витреоретинална хирургија, ќе ви се направи детален преглед на задниот сегмент на окото со чија помош ќе се откријат сите почетни симптоми, а медицинскиот тим соодветно ќе ја третира состојбата.
- Дијабетесот може да предизвика сериозни проблеми со видот. Ако осетите нагло намалување на видот, гледате како низ магла, ви се појавуваат мушички или пак дефект во видното поле, можно е да станува збор за дијабетес, но за да знаете точно која е причината за таките состојби, веднаш посетете офталмолог.
Ова се само дел од знаците на кои треба да внимавате. Не ги занемарувајте сигналите кои ви ги праќа телото, а особено очите. Барем еднаш годишно правете офталмолошки прегледи и зачувајте го здравјето. Сепак тоа е најскапоцено нешто, зарем не?
(комерцијален текст)