Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк за добро здравје и спокој во целото семејство

Кога размислуваме на темата „здравје“, секогаш велиме дека тоа е најважното нешто и претставува наш најголем приоритет за кој не правиме компромиси. А, пак, кога се работи за нашето семејство, подготвени сме да го обезбедиме најдоброто и најквалитетно решение.

Секогаш е актуелно прашањето како современото лекување да ни биде на дофат на рака? Како да ги добиеме најсоодветните услови во најважните моменти во животот, како што е раѓањето на нов член во семејството? Решението е Семејното приватно здравствено осигурување за кое светските практики покажуваат дека луѓето се потпираат на осигурителните компании со цел да си овозможат квалитетно и современо лекување.

Следејќи ги овие светски трендови, Еуролинк Осигурување првпат им нуди еден ваков уникатен пакет и на семејствата во Македонија.

Семејното приватно здравствено осигурување овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија („Систина“, „Ремедика“, „Филип Втори“, „Неуромедика“ и др.) и во Европа. Семејното приватно здравствено осигурување покрива голем број здравствени услуги, специјалистички постапки и операции, но и третман на тешки малигни заболувања, за сите членови на семејството во една полиса, и тоа уште во основниот пакет на осигурување, кој чини 1800 денари месечно. Комфорт и Премиум пакетите чинат 2000 и 3350 денари и вклучуваат и болничко лекување и превоз со санитетско возило.

Всушност, со Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк не треба да се грижите за тоа колку ќе чинат престојот, прегледите, евентуалните хируршки интервенции и специјалистичките постапки бидејќи добивате директна исплата на трошоците.

На барање  на клиентите, Еуролинк воведе и можност за покривање на трошоците за породување  во некоја од приватните клиники, по избор на клиентот. Покривање на трошоците за породување се однесува на клиентите кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите Комфорт и Премиум со доплата од 1150, односно 1650 денари месечно во зависност од висината на лимитот кој е достапен за користење за овој тип на здравствена услуга во период од пет години.

Дополнително, заштедувате на време со брз пристап до дијагноза и лекување, во моменти кога токму времето е пресуден фактор. Токму затоа, со полисата добивате и 24/7 телефонска поддршка и можност за навремено реагирање во кое било време од денот.

За мирен сон и безгрижност, ваша и на вашите најблиски, одберете го Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк.

Повеќе информации за Семејното приватно здравствено осигурување можете да дознаете на: www.eurolink.com.mk

Донесете ја вистинската одлука и обезбедете си квалитетна здравствена заштита за вас и за оние кои најмногу ви значат.

(комерцијален текст)

6 април 2017 - 14:39