“ Секоја жена заслужува постојано да биде чувана, негувана, среќна и затоа во месецот на жената, прекрасниот март Рамстор Мол подготви тридневна кампања во рамки на која секоја дама посетител на трговскиот центар ќе добие посебно внимание. Се потрудивме да осмислиме активности во рамки на кои ќе понудиме вистинско уживање за дамите и едно поинакво шопинг искуство во нашиот трговски центар”, велат претставници од Рамстор Мол.
Овие три дена посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да купуваат во своите омилени продавници по намалени цени од 20% до 40% на женските колекции низ продавниците во Рамстор Мол. Во рамки на кампањата ќе се одржи и базар на рачни ракотворби, модна ревија на брендот НАНА во вторник (07.03) со почеток во 19.00 часот, а водител на настанот ќе биде Марјана Станојковска.
Дамите ќе имаат на располагање и посебен корнер за разубавување обезбеден од парфимеријата Еликсир, а ќе се одржи и натпревар за најјунак жена преку кој три дами ќе добијат вредни подароци како што се: Летање со параглајдер, вечера во Дистрикт ресторанотиспатретманза двајца во хотел Мериот, како икозметички подароци од Еликсир.
Драги дами од 06 до 08 март дојдете во Рамстор мол заедно да прославиме еден поинаков 8 март во центарот за сите нејзини желби!
(комерцијален текст)