Градскиот паркинг центар на Копенхаген има за наплата преку 20.000 евра казни за непрописно паркирани дипломатски возила.
Како локална власт можат малку да сторат бидејќи дипломатите го користат тоа што имаат дипломатски имунитет па се повикуваат на протоколи на министерството за надворешни работи но тоа повикување баш и нема голем ефект кај заштитените, особено кога доаѓа од паркинг служба.
Пет странски амбасади се посебно озлогласени во копенхашкиот паркинг центар а меѓу нив и македонската. Заедно со другите четири, имаат 122 од вкупно 298 неплатени казни.
Русија има неплатени 38 казни, Украина 25, Обединетите Арапски Емирати 22, Грција 19 а Македонија натоварила 18 казни за непрописно паркирање кои не се платени.
Амбасадата во Данска важи за феуд на ДУИ но не сме сигурни кој е амбасадор, особено што на официјалниот сајт на македонската амбасада во Копенхаген ве чека оваа „информација“:
Колку фушерска држава е ова, чудо е како уште постоиме. А можеби и не постоиме, само не сме свесни за тоа. Како своевремено кутрите луѓе во Сараево, кога веќе со недели биле гранатирани и снајперирани, ама меѓу себе и натаму се тешеле дека нема шанси да дојде до војна.