Приказната во ТВ рекламата ни ја раскажува еден од најпознатите македонски актери, Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.
Новата СКОПСКО реклама нѐ поттикнува да ја гледаме позитивната страна на нештата:
''ТВ рекламата на СКОПСКО која за прв пат ви ја претставуваме денес, пренесува инспиративна, јасна и искрена порака за сите нас – да успориме малку и да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања. Создадовме реклама која е значајна за сите, бидејќи е позитивна, искрена и поттикнува на поголема верба во иднината, нешто кон кое ние во Пивара Скопје се стремиме, а нашиот бренд СКОПСКО го отсликува. '' – изјави г-ѓа Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на Пивара Скопје.
СКОПСКО нѐ повикува да го направиме понеделникот петок и секој момент од животото момент за уживање:
"Вистинска реткост е да се добие сценарио што нуди простор за особен визуелен третман. Тоа беше поттик за нас, но и за целата екипа, да создадеме нешто поинакво. Со нас го имавме и Никола Ристановски, кој донесе уште еден слој на извонредност во целиот проект. СКОПСКО отсекогаш ги поместувало границите во рекламирањето, и овој рекламен филм се надворзува на таа традиција."- е задничкиот став на режисерското дуо Даријан Пејовски и Кристијан Ристески.
Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје.
Почнувајќи од денес се емитува на телевизија и може да се најде на Facebook страницата и YouTube каналот на СКОПСКО.
За крај, да повикаме и ние: хеј сите вие, пријатели и комшии, срамежливи и гласни, млади и стари, да застанеме за момент и да почувствуваме – животот е околу нас, ајде да бидеме дел од него и заедно со СКОПСКО да ги создаваме нашите нови спомени.
(комерцијален текст)