„Како банка сме приврзаници на модерните принципи во банкарското работење и создавање на производи што се многу подостапни и вистински поволни за граѓаните. Во нашето работење потребите на граѓаните се ставени во преден план и овој станбен кредит со ниската каматна стапка и останатите поволности за одобрување го потврдува токму тоа. Со ставање во функција на сите ресурси на банката и понатаму остануваме на истата патека, преку иновативност и флексибилност подобрување на нашите производи со што ќе oстанеме банка блиска до граѓаните и воопшто банка што ќе влијае за подобрување на пазарот“, изјавија од Службата за производи и поддршка на продажбата
Со станбениот кредит можете да аплицирате за сума до 150.000 евра, со максимален период за отплата до 30 години. Пред одобрување на кредитот е за еден ден, а одобрените средства можат да бидат наменети за купување нов стан или куќа, за реновирање, за купување градежни материјали, како и за рефинансирање станбени кредити од други банки.
Граѓаните можат да аплицираат преку експозитурите на Силк Роуд Банка, каде можат да ги добијат и подеталните информации. Промотивниот период за аплицирање за кредитот и со тоа за одобрување без провизија е најдоцна до 31ви март.
(комерцијален текст)