Во 9-минутното видео изработено од првиот човек за дизајн на Гугл Икс, Ник Фостер, се разгледува нешто што го нарекуваат „тотал дата“, односно главна книга за секој еден корисник на Гугл, кое содржи информации за него собирани со децении. И до тука нема ништо ни приближно кошмарно и горе долу се движи во рамките на она што во моментот се случува.
„Блек мирор“ моментот доаѓа кога видеото замислува како врз основа на децениски анализи на личните податоци компанијата успева да изведе цивилизациски промени во човековото однесување, со нудење на нови производи и услуги, направени по наша мерка, меѓутоа единствено со цел да се соберат што е можно повеќе информации од нас.
Главниот концепт што го дебатира видеото е што ако однесувањето на корисниците е како нивна ДНК, и дали проучувањето на личните информации може да доведе до подобро човеково однесување.
Клипот од Верџ има извонредната анализа на целиот проект: