Доктор Роберт Епстин ја поминал последната деценија следејќи ја манипулацијата на Гугл со вестите, резултатите од пребарувањето и сугестиите на Јутјуб.
Неговото истражување покажува дека Гугл има моќ да ги менува мислењата и да ги придвижи изборите за да одговараат на неговиот либерален корпоративен светоглед.
И покрај редовните колнења во својата невиност пред Конгресот, мултинационалниот технолошки гигант кој вреди 1.000 милијарди долари го користи својот виртуелен монопол како пребарувач за да ги засили либералните ставови, да ги задуши другите и да манипулира со податливите умови на децата.
„Мислевте дека е лошо цензурирањето на Твитер и Фејсбук на сториите за лаптопот Хантер Бајден? Што ќе кажете за 6 милиони гласови кои Гугл му ги овозможи на Бајден на изборите во 2020 година, со манипулација на она што го читаме и гледаме на интернет?“, пишува Њујорк Пост.
Толкаво било изборното влијание на Гугл со помош на пристрасни алгоритми кои ги искривуваат резултатите од пребарувањето кон позитивни содржини за Бајден и негативни за Трамп, тврди Епстин.
Прелиминарните резултати од неговиот нов проект кој е фокусиран на масовната психотерапија која ги таргетира децата, укажуваат дека за оваа група, пристрасноста е уште посилна.
На пример, Јутјуб предлозите „Up Next“ (што следно да се гледа) за возрасни се пристрасни кон либерални извори во 76% од случаите. За деца, тој процент изнесува 96 посто.
Се проценува дека во дивината на американскиот сајбер простор, само 38% од видео изворите се либерални. Остатокот се центристички и конзервативни. Со помош на алгоритмите, Јутјуб прави првите да изгледаат доминантни.