Во најлошиот дел од понеделникот американските акции на берзата изгубија вредност во износ од 1.200 милијарди долари. Дау Џоунс го заврши денот со пад од 588 поени или околу 3,5% од вредноста. Слично минаа и берзите во Европа и Азија.
За целата работа е одговорна берзата во Шангај.
"Помеѓу јуни 2014-та и јуни 2015-та, индексот на кинеската берза порасна за 150 проценти. Една од главните причини за ова беше што голем број обични Кинези за прв пат почнаа да инвестираат во берзата. Во овој период беа отворени повеќе од 40 милиони нови берзански сметки. И голем дел купуваа акции со позајмени пари.
На почетокот од годинава властите почнаа да се грижат дека ваквиот раст на берзата почнува да станува неодржлив. Па тие почнаа да воведуваат нови ограничувања за пазарните шпекулации финансирани од долгови (позајмени пари). Берзите го достигнаа својот пик во јуни, и потоа почнаа брзо да паѓаат.
Во јули берзата беше во слободен пад, и тогаш кинеската влада почна да паничи, па превземаа неколку чекори за стабилизирање на акциите. Ова им успева и неколку седмици берзата е стабилизирана.
Меѓутоа минатата недела берзата повторно почнува да паѓа. Властите повторно превземаа нови мерки за стабилизирање, ама овој пат не им успева.
Според Фајненшл тајмс кинеските власти неделава конечно заклучија дека потпомагањето на берзата ќе биде премногу скапо. Владата од почетокот на јули веќе потроши над 200 милијарди долари на купување на кинески акции, и ова ќе требаше бескрајно да продолжи да го финансира за да го спречи крахот на берзата," објаснува Тимоти Ли во Вокс.
Освен случувањата во Кина, на крахот влијаеше и новата нестабилност во Грција и остатокот од Еврозоната, посилниот долар, веројатноста за зголемени каматни стапки и слично.
Сето ова најмногу удри на луѓето со најмногу пари. Во овие два дена, Бил Гејтс изгуби 1 милијарда долари, Амансио Ортега 2,5 милијарди долари, Ворен Бафет 2 милијарди долари, Карлос Слим 1,6 милијарди, Лари Елисон 1,8 милијарди долари.