Компаниите оценети високо според широко прифатените еколошки, социјални и управувачки метрики (ESG - environmental, social and governance) загадуваат исто колку и компаниите со низок рејтинг , покажа ново истражување.
Овој перверзен недостаток на корелација важи дури и ако „јаглеродниот интензитет“ на компаниите (нивните емисии на јаглерод по единица приход или пазарна капитализација) се споредува само со нивниот рејтинг за животната средина, обелоденуваат Сајентифик Бета а пренесува Фајненшел Тајмс.
Ваквите сознанија доаѓаат во услови на силна побарувачка за ЕСГ инвестиции, при што „одржливите“ фондови на глобално ниво привлекоа нето-приливи од 49 милијарди долари само во првата половина од оваа година. Останатиот дел од индустријата на фондови забележа одлив од 9 милијарди долари.
Претходно пишувавме дека инвестирањето во ЕСГ може да се покаже како контрапродуктивно во пракса.
Било истражувано влијанието врз животната средина на преку 3.000 големи американски компании помеѓу 2002 и 2020 година. Се покажува дека пониската цена на капиталот на зелените компании не води до намалени емисии, што е логично, бидејќи фирма како Спотифај и онака не е голем емитер и нема многу што емисии да намалува. Од друга страна, кафеавите компании имаат и до 260 пати поголемо влијание врз животната средина. Спротивно на тоа, кога кафеавите компании се гладни за капитал, тие стануваат уште повалкани за да избегнат банкрот (Види: Инвестирање во еко-компании е штетно за околината?).
*************
Види и: