Растот е пресметан само за САД каде што кампањата започна во јуни годинава. Според Вол Стрит Журнал, од почетокот до сега продажбата на Кока-кола (во сите верзии) е порасната за околу 2%.
Иако не изгледа нешто фантастично многу, ова е важен пресврт за Кока-кола, затоа што е прв раст по цела деценија константно намалување на продажбата на газираните сокови во САД, за сметка на енергетски пијалаци и готовите кафиња и чаеви.
Глобално кампањата ја започна Кока-кола Австралија пред 3 години и таму постигна скок од 7% во продажбата кај младите потрошувачи. Кампањата "Сподели Кока-кола со..." до сега ја имаше во 80 држави.