По основа на повеќе параметри освен одморот, нова студија на американскиот Институт за економска политика заклучува дека „навистина живееме во новото Позлатено доба“. Еден од нивните главни аргументи е дека разликата во доходите меѓу богатите и сиромашните е на пат да го достигне пикот од 1928-ма.
Ко-авторот на студијата, Марк Прајс, објаснува дека некаде во 1970-те работите тргнуваат на лошо за просечниот работник. Во тоа време паѓа куповната моќ на минималната плата, а започнува и пад на членството во синдикатите во приватниот сектор. Една од промените е и што „станува општествено прифатливо да си ЦЕО на задолжена компанија а и покрај тоа да земаш голем надомест.“
„Од 2000 има измена во изворот на приходи на топ 1%. Од 1973 до 2000, најбогатиот 1% беше создаден како резултат на работење на висока позиција, како ЦЕО. Меѓутоа од 2000, се случува промена и најбогатиот 1% се повеќе приходи почнува да собира од добивка на вложен капитал,“ се објаснува во студијата.
Во основа, Али Конти во Вајс ова го сведува на праксата богатите да прават пари само заради тоа што се богати, „без притоа да имаат потреба да живеат во близина на местата од каде што заработуваат.“ Предвидувањето на Прајс е дека ваквиот развој ќе има сериозни последици по американските градови.
Бројките од американската даночна служба покажуваат дека на ниво на САД најбогатиот 1% во 2013 заработил 25 пати повеќе отколку сите останати американски домаќинства заедно. Во Њујорк, Флорида и Конектикат, оваа разлика изнесувала 35 пати повеќе. На некои локации, како Тетон Каунти, Вајоминг, една од побогатите области во која живее и наследничката на Волмарт, најбогатиот 1% заработувал 140 пати повеќе отколку останатите 99% од семејствата во областа.
Доколку не се спречи ваквото оддалечување на најбогатите, предвидувањето на Прајс е „мрачна иднина, налик враќањето на времето кога аристократијата контролира армија слуги кои поседуваат буквално ништо.“