Процените на Центарот за истражување на малопродажбата (Centre for Retail Research - CRR) се дека вкупната потрошувачка во Англија околу Мундијалот би достигнала 2,7 милијарди фунти доколку националната репрезентација би се пласирала во финалето.
Очекувањата се дека најголемиот дел од потрошувачката ќе биде во продавници и супермаркети каде навивачите ќе прават залиха за натпреварите што ќе ги гледаат по дома.
„Секој гол што ќе го даде англиски фудбалер - до финалето - ќе вреди 165,3 милиони фунти за англиската малопродажба и дополнителни 33,2 милиона фунти за пабови, хотели и ресторани.
На минатото Светското првенство ние не ја минавме фазата по групи и од гледна точка на продавниците продажбата беше пропаст,“ објаснува за Би-би-си директорот на ЦРР, професорот Џошуа Бамфилд.
Она што исто така е променето во однос на претходното првенство е што сега потрошувачите повеќе се подготвени да платат за „искуства“, односно парите да ги трошат во пабови или на скара со нивните пријатели, и да гледаат фудбал (што сме ти правеле ние цело ова време).
Минатата недела ланецот пабови Грин кинг, откако лани објави разочарувачки профит, за годинава најави унапредени приходи благодарејќи на топлото време и Светското првенство. Само за време на натпреварот со Панама (6-1 за Англија), ланецот продал дополнителни половина милион кригли пиво.
Според Бамфилд добрите резултати на репрезентацијата освен на храна ќе удрат и на електроника, бидејќи „даваат причина за потрошувачите да купат на пример голем телевизор.“