Балкан

Невидливото малцинство во Грција

Сторија на BBC чиј главен лик е еден стар Македонец од Грција. На дедото веројатно не му треба ни орден ни медал иако ги заслужува сите можни почести. Затоа што има 92 години а памти сè; затоа што колку што добро знае грчки, уште подобро знае кој е и што е.   

Словенија, се мењаме?

Веста е тазе словенечка сол на стара ама постојано обновувана македонска рана. А таа гласи дека пратеник во парламентот на Република Словенија поднел оставка затоа што украл - пази богати - сендвич. Чекајте, не е тоа сè. Веста не е само во баналноста на украденото туку и во тоа што - не го украл.

Вистинските жртви на модата

Бугарските текстилни работнички шијат за Хуго Бос и други ексклузивни брендови. Живеат во земја која одамна е членка на ЕУ и НАТО. Имаат два мали проблема: што газдите често ги третираат како роботи и што за целото црнчење земаат мизерни пари.

Замина Гребо

Замина човекот кому вистината и поравдата му беа побитни од самиот себе, пишуваат регионалните медиуми за смртта на Зравко Гребо, човекот кој реши да остане во опколеното и бомбардирано Сараево иако му беше понудена евакуација во странство. Професор, вљубеник во Мостар и Вележ, левичар од оној најблагороден ков, оној кој државата ја цени онолку колку што таа обезбедува правда и правичност за луѓето.

Атинските ученици на протести против Македонците од Солун

Претстојниов период ќе имате уникатна шанса во живо да гледате како од нула се создава идентитет на нова нација, штета што тоа ќе биде истиот оној од кој ние се откажавме. Што се однесува на насловот ништо не е погрешно околу него.

Грчката секуларизација е лажна

Грчкиот Хелсшинки не може да се изначуди со каква леснотија европските медиуми прогласија победа во нивната повеќедецениска битка за одвојување на црквата од државата. Особено се фрапирани од нивните сестрински невладини кои не ги ни прашале што мислат за темата. 

Албанија прогласи десетици Грци за непожелни заради анти-албански пароли

Албанија прогласи 52 Грци за „персона нон грата“ заради ширење етничка нетрпеливост бидејќи извикувале анти-албански пароли за време на погребот на Гркот кој загина во оружена престрелка со албанската полиција

Атина ги скина поповите од државен буџет

Грција допрва треба да ја одвои државата од црквата, а како еден од позначајните чекори кон тоа владата го укина статусот на поповите и владиките како јавни службеници кои примаат плата од буџетот.

Босна треба да ги прибере своите вдовици на ИСИС

Добар дел од жените кои ја напуштија Босна за да се приклучат на калифатот на ИСИС на крај во најдобар случај завршија заглавени во бегалските кампови на северот на Сирија, дел од нив со деца, а речиси сите без дозвола и можност да се вратат во родната земја.

90% Грци веруваат дека нивната култура е супериорна

Речиси 9 од 10 Грци сметаат дека грчката култура е супериорна а три четвртини сметаат дека за да се биде Грк мора да се биде православен. Тие и такви сега ќе ни ги прегледуваат учебниците и ќе ни кажуваат како ние сме живееле во илузии.

100 размени на територии по туѓ грб не болат

По повеќе од деценија војни тука и деценија судења во Хаг, уредничкиот колегиум на Фајненшл тајмс иднината на Србија и Косово ја гледа во етнички чисти територии кои би се добиле со размена на територии меѓу двете страни, што е токму точката од која воопшто почнаа сите злотвори на овие простори.

Сорос на телефон побарал од Ципрас да му даде отказ на Варуфакис

Во разговор на грчката Скај ТВ Варуфакис изјави дека Џорџ Сорос лично му се јавил на Ципрас во јули 2015 и побарал смена на тогашниот министер за финансии. Инаку, мандатот на Варуфакис заврши на 6-ти јули 2015.

Бошњаците бараат забрана на Његош... во Црна Гора

Повеќе бошњачки организации бараат од министерството за образование и култура на Црна Гора да ги забранат и тргнат од училишната програма „Горски венец“ на Петар Петровиќ Његош и „Пешчаник“ на Данило Киш.

Коѕијас отвори многу, затвори малку

Уредникот на англиското издание на Катимерини оценува дека довчерашниот шеф на грчката дипломатија имал намера да затвори што е можно повеќе отворени прашања кои долго траат и не ѝ одат во прилог на Грција за да може земјата конечно да види што ќе прави со клучниот проблем - Турција.

Грција нешто како пак да се преценува

Тазе осоколена од официјалниот (иако не и вистински) крај на финансискиот „пакет за спас“ на земјата, и апсурдно лесни победи во однос на околниот ситнеж, на Грција почна да и станува тешко да ги заузда своите амбиции дури и кога е во прашање Германија, дури и кога се во прашање работи што веќе се затворени со секаков можен тип на договори.

Слушнете професор од Македонија

Која Македонија? Грчката, нормално. Така се вика универзитетот од кој доаѓа професорот Ставрос Маврудеас. Инаку, ако помине договорот, можете да сонувате дека овде факултет или било што може да се вика така (приватно ќе може да си шепкате, фала им на премудрите преговарачи). Најинтересно е што изјавата на грчкиот професор ја објавуваме НАЈМАЛКУ заради името на институцијата.

Бугарскo реновирање тврдини и парите на европските даночни обврзници

Бугарската влада на реновирање тврдини троши 90 милиони евра од Европските фондови за регионален развој. Продолжетокот на веста не е туристички пи-ар текст за тура низ бугарските тврдини.

Бежанија од Албанија

Албанија (НАТО рајот западно од Македонија) за првпат го фати самиот врв на листата на земји чии граѓани бараат азил во странство. Албанците го прават тоа со рата повисока од оние јадници од Сирија.

Бугарија: 350 евра здравје по човек

Како „нов здравствен геноцид“ се оценуваат последните официјални предлози за реформирање на здравствената политика во Бугарија. Еден од нив е своевиден здравствен таксиметар: државата да покрива - и тоа не во целост -  здравствени трошоци до максимум 700 лева (357 евра). Сè што е над таа цифра фондот не го занима.

НАТО ≠ инвестиции

После 10 годишно членство во Северноатлантската алијанса, Албанија успева да привлече само една десетина од директните странски инвестиции кои доааѓат во регионот. Помалку и од Босна и Херцеговина а неспоредливо со Србија која голта дури 55% од сите пари кои доаѓаат на западен Балкан. Проблемот со високата стапка на луѓе кои ја напуштаат Албанија, башка.

Вучиќ: Гинат наши ама гинат и Амери

По неодамнешното фатално страдање на двајца градежни работници и повторното актуелизирање на српските стандарди за заштита при работа, Александар Вучиќ проба да ја спушти тензијата со податок дека во САД на секои 10 секунди гине по еден перач на прозроци. Од надлежно место брзо му беа пребришани наочарите преку кои гледа податоци.

Родителите на оние кои заминале не треба да имаат пензии и здравство

Бугарскиот вице-премиер смета дека не е фер младите масовно да одат на Запад по работа а да ги оставаат своите родители на грбот на Бугарија и на оние кои останале да живеат и работат во неа.

Бугарија е куса за илјадници наставници

Влегувањето во НАТО и ЕУ ќе значи создавање услови младите и образувани луѓе да останат во земјава, гласи една од мантрите на актуелната политичката религија која од нас бара курбан да го приложиме името и најбазичното достоинство а потоа птиците ќе пеат повесело а тревата ќе биде позелена. Ај важи.  

Грците незадоволни од тоа како почна кампањата за менување на името

Пишувајќи дека Владата започна со официјалниот дел од убедувањето на сопствениот народ да го смени името на сопствената држава, Грикрепортер не е ни најмалку воодушевен како сето тоа уште почеток изгледа издишано.