J. Paul Getty Museum, Metropolitan Museum of Art и Cleveland Museum of Art се само некои од музеите кои треба да и вратат артефакти на Турција.
Најголем дел од антиквитетите кои ги бара Турција биле украдени од земјата по 1906-та, кога бил донесен закон кој на државата и дава сопственост на сите антиквитети кои уште не се откриени.
Турците тврдат дека тие на сакаат да започнат кавга со Американците, туку бараат да им се врати тоа што е нивно.
"Турција не сака да направи кавга. Се обидуваме да развиеме соработка и се надеваме дека овие музеи исто така ќе го разберат нашето гледиште," изјавил Мурат Суслу, изјавил првиот човек на турската агенција задолжена за музеи и културно наследство.
Тие на музеите паралелно им нудат докази за турското потекло на спорните предмети, но и се закануваат дека ќе ја сопрат соработката со музеите. Тие веќе го одбиле да му позајмат артефакти на музејот МЕТ.
Античките колекции на американските музеи во последно време се под постојана контрола, откако се појавија докази дека тие биле набавени со шверц и преку нелегални канали.
Соочени со доказите, неколку американски музеи им вратија повеќе од 100 украдени предмети на Италија и Грција.
Инаку Турција имаше 6-годишна правна битка со МЕТ, во која од музејот бараше враќање на предмети украдени од гробница во западна Турција. Во 1993-та, МЕТ се согласи да ја врати колекцијата, откако доказите покажаа дека претставниците на музејот биле свесни за нејзиното нелегално потекло.
Слична битка Турција имаше и со бостонскиот музеј (MFA), околу една римска статуа. Турција ја побара статуата во 90-те а ја доби дури лани во септември како дел од договор за поширока културна соработка.