Таг: владимир путин

Роман за остарениот и сенилен Путин

Мајкл Хониг, некогашен доктор, во својата нова книга „Сенилноста на Владимир П.“ го замислува сегашниот претседател на Русија осум години по неговото пензионирање, во дача со бројна послуга, стар и дементен. За него се грижи Шереметев - руска верзија на Кандид, наивен негувател на еден тиранин.

Зошто Путин би го слабеел НАТО, кога за тоа ги има Ердоган и Трамп?

Ако Путин правеше планови како да го ослабе НАТО, тој не би можел да смисли нешто подобро од она што се случува во моментот, пишува Блумберг.

Ја сакаме својата земја, горди сме на неа и ќе ја браниме

Британските таблоиди за главен виновник за нередите во Марсеј го означија 37-годишниот татко на четири деца од Москва. Василиј Степанов знае за тоа, но Европското го гледа од предградие на Москва од каде раскажа што мисли за инцидентите.

Тајната на опстанокот на Путин

Руското анектирање на Крим пред две години беше кулминација на долгиот процес на растечка авторитарност и изолационизам под претседателот Владимир Путин. Додека најголемиот дел од меѓународната заедница го осудуваше овој потег, Русите го поздравија.

Зошто блискоисточните лидери разговараат со Путин, а не со Обама

Гледано во чисти бројки САД имаат 35.000 војници и стотици авиони на Блискиот Исток, Русите имаат околу 2.000 војници и можеби 50 авиони. Гледано од позиција на политички лидер на Блискиот Исток, Русија е далеку поподготвена да употреби сила.

Дали Путин ќе биде "царот кој ги ослободи Курдите"?

Кога му срушија авион лани во ноември, рускиот претседател им порача на турските лидери дека ќе зажалат за тоа. Притоа не мислеше само на бојкот на нивните патлиџани.

Шпионот против шпионите

Ако е некаква утеха за американското разузнавање дури и за најблиските соработници на Путин е сериозен проблем да предвидат што размислува нивниот шеф, објаснува претседателот на американскиот Национален совет за разузнавање.

Што мисли Обама за Путин

"Доктрината Обама" е насловот на темата на месецот во последниот број на магазинот Атлантик. Новинарите на Атлантик разговараат доволно долго со Обама за да не остават речиси ништо непокриено.

Од каде му се рејтинзите на Путин?

Моментално Путин има 83% поддршка од своите граѓани, бројки кои остануваат вака високо веќе две години, поточно откако почнаа кошкањата меѓу Западот и Русија.

Путин, Папата и Патријархот

Рускиот претседател за време на својот стаж како офицер на КГБ научи како да ги искористува другите. Во биографијата, Новиот Цар, поранешниот шеф на московското биро на Њујорк Тајмс, Стивен Ли Мајер, објаснува како Путин додека бил распореден во Источна Германија во последните години на комунизмот, ја искористил слабоста на својот противник за напредување на советската кауза.

Патриотизам се докажува на терен, не со маица

По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.

БиБиСи ги (до)скара Кремљ и Белата куќа

Последната епизода на Панорама на БиБиСи го обвинува Путин дека е еден од најбогатите луѓе во земјата, и дека овие пари ги има стекнато преку корупција. Истото ова, во емисијата им го потврдува и Адам Зубин, функционерот на американското министерство за финансии, кој е задолжен за надзор на санкциите против Русија. Ова до сега, вака официјално се нема случено.

Путин: Што ќе ни е да бидеме суперсила?

Рускиот претседател во интервју за германски Билд објаснува дека неговата земја нема никаков интерес за "скапата" и "безначајна" улога на суперсила.

Треба ли да се навива против Путин во Сирија?

Рускиот упад во Сирија за руските медиуми беше херојски обид за спасување на цивилизираниот свет од ИСИС, за американските медиуми истото ова беше протолкувано како непотребно руско заглибување во блато.

Путин одржа тренинг со руските џудисти

Претседателот на руската федерација се занимава со оваа боречка вештина од детството, а тренира џудо и натаму и покрај презафатениот распоред. Партнер денес му бил селекторот на руската џудо репрезентација, Ецио Гамба.

Така говореше Путин

Функционери низ цела Русија за празниците на подарок добија книга од 400 страни со "пророчки" цитати од претседателот Владимир Путин. Колекцијата е под наслов - Зборови кои го менуваат светот.

Руски јок за подготовките во Анталија

Повеќе од 1.000 клубови секој јануари и февруари се подготвуваат за вториот дел од сезоната на брегот на Медитеранот во Турција, но најбројните сега ќе менуваат маршрута.

Најважниот состанок на Г-20 самитот

Мерка за сериозност на ситуацијата во саботата: на сепаре до шанк, Путин и Обама разговараат за време на пауза на Г-20 самитот. Посебно интересно околу фотографијата, како е направена.

Обама игра шах, Путин игра покер

Додека на рускиот лидер му недостасува каква било стратегија, неговиот американски колега е краток на нерви. Тие играат две сосема различни игри и следат различни правила.

Гледајте го Путин што прави, а не што зборува

Ништо од тоа што Путин го кажа на говорницата на ОН не наговестуваше дека тој ќе почне со бомбардирање во Сирија, ниту пак дека ќе се повлече од фронтовите во Украина. И баш тоа го направи. Два дена подоцна. Во ист ден.

Руската интервенција во Сирија во една реченица

Една година откако Американците ги започнаа воздушните напади во Сирија, против ИСИС, во борбата се приклучи и руската воена авијација. Првите денови од руската интервенција во Сирија, во американските медиуми (и политичари и експерти) беше дочекано на ниво како Русите да го бомбардираат Тексас.

Друштвото на мртвите, презакопани Руси

Една линија од државотворниот ПР на Владимир Путин е да ги враќа моштите од славните Руси и да ги презакопува во родната грутка. Демек, сите Руси во иста држава, без разлика на нивната моментална здравствена состојба. Во последниот случај загризаа преголема коска, онаа на Рахмањинов.

Зошто Русија е уплашена од францускиот кашкавал

Моментално забраната за увоз на западни производи во Русија е на ниво на контра-санкции, меѓутоа руската царина подготвува предлог закон, со кој странската храна е квалификувана како "стратешки важна," термин што до сега се користеше за оружје, отрови и радиоактивни материјали, и прекршувањето на забраната ќе се казнува со затворска казна до 7 години.