"Путин е толку многу изолиран што шансите тој нешто погрешно да пресмета или да избрза околу нешто ми се на врвот на листата на работи околу кои се секирам. Загатки се оние работи кои имаат одговор, ама не ни е познат, а мистерии се оние работи што се непознаница и се непредвидливи. Па, како Путин ќе се однесува е мистерија, и е мистерија и за самиот Путин," објаснува претседателот на советот, Грегори Тревертон.
На слично мислење е и пензионираниот адмирал Џејмс Ставрдис, инаку командант на НАТО силите од 2009-та до 2013-та, чие искуство е дека Путин е исклучителен во тоа колку малку оддава со своето однесување.
"Тој секако дека има кабинет на блиски соработници. Ама на крајот од денот, стратегијата не сместена на некоја мапа, туку е меѓу ушите на Владимир Путин," објаснил Ставридис.
Адмиралот, кој сега е декан на Школата за право и дипломатија на Туфтс Универзитетот, наведува два фактори заради кои Путин е толку проблематична мета:
- Прво е степенот на контрола што го има оформено во овие 17 години додека е премиер или претседател на Русија, "треба да бараш во Северна Кореја или во Куба за да најдеш друг таков владетел кој има таква апсолутна моќ."
- Второ се средствата за шпионирање, како пресретнување телефонски разговори, сателитски снимки и сл. кои имаат ограничен успех во случајот со Путин, бидејќи самиот тој е обучен шпион. Путин во 1975-та се приклучува на КГБ.
"Русија отсекогаш имала силни контра-разузнавачки капацитети, и Путин е добро обучен за ова. Неговиот внатрешен круг е многу претпазлив како комуницира, размислува со кого се среќава. Заради што ова е доста тежок терен за разузнавање," објаснува поранешниот директор на ЦИА, Џон Мeклогхлин.
Неговите очекувања се дека освен ако не се закачиш директно на мозокот на Путин, "не можеш да ја анализираш реалноста со која тој се справува, и која влијае на формирањето на неговите одлуки." Па и покрај сериозните економски проблеми со кои се соочува Русија (санкции, пад на рубља и сл.), Путин отворено зборува за остварување на неговата цел за враќање на Русија како светска сила.
"Задача е на ЦИА и на другите шпионски агенции да откријат како тој планира да го постигне тоа," пишува Мери Луиз Кели во текстот за НПР.