Ставот на Путин е одговор на прашањето, кое е неговото мислење за тоа што американскиот претседател ја нарекол Русија регионална сила?
"Тоа е негово лично мислење, исто како што знам дека негово мислење е дека американската нација, дека Соединетите држави се уникатни. Не можам да се согласам со кое било од овие мислења.
Да ви појаснам неколку работи околу Русија. Прво, ние не ја бркаме улогата на суперсила. Оваа улога е многу скапа и безначајна. Нашата економија е 5-та или 6-та во светот по волумен. Таа можеби е падната за едно место ако се земат предвид моменталните економски проблеми... Ние го заземаме 6-то место во светот во однос на куповна моќ.
Ако речеме дека Русија е регионална сила, ние прво треба да расчистиме на кој регион мислиме. Погледни ја мапата и запрашај се: 'Што е ова, дали е дел од Европа? Или дел од источниот регион, кој се граничи со Јапонија и САД? Или е дел од Азија? Или е дел од јужен регион?' Или погледај кон север. Во основа, на север се граничиме со Канада преку Арктичкиот Океан. Или на југ? Каде е? За кој регион зборуваме? Мислам дека шпекулациите околу други држави, и обидот без почит да се зборува за други држави е обид да се покаже сопствената исклучителност преку контрасти. Според мое гледиште, тоа е погрешна позиција," одговорил Путин.
Во првиот дел од интервјуто, Путин објаснува дека економијата е ослабена до точка кога приходите надвор од енергетскиот сектор веќе се под притисок. Меѓутоа меѓу санкциите и падот на цените на нафтата, за Путин многу поголем проблем и штета е предизвикана од второто.
Неговите очекувања за 2016-та се раст на БДП-то за 0,7 проценти, објаснувајќи дека иако економијата бележи пад заради сегашните проблеми, тој е сигурен дека "земјата има одлична перспектива и потенцијал за развој." И покрај сегашните проблеми, Путин ја проценува руската економија дека е петта во светот по волумен.