Американските санкции се однесуваат на некои од највисоките руски функционери и соработници на Путин, кои се избрани заради корупција. До сега ниту САД немаа ниту едно официјално директно обвинување за корупција за Путин.
Портпаролот на Путин, Димитри Песков целата работа ја нарече "официјално обвинување" и "тотална фабрикација". За Песков обвинувањата од Панорама се "уште еден класичен пример на неодговорно новинарство," порачувајќи дека "јасно покажува која ја режирал програмата."
Песков го потсетува американскиот функционер и дека такви обвинувања бараат докази, за да се покаже дека не се само неосновано клеветење.
Емисијата следува неколку дена по објавувањето на резултатите на британската истрага која покажа дека Путин "веројатно" го одобри убиството на поранешниот шпион Александер Литвиненко.
Во истата емисија, Панорама еден дел одвојува и за случајот со Литвиненко, за што Песков порачува дека "програмата коинцидирала со квази-судски процес" и дека Кремљ веќе е навикнат на вакви неточни репортажи, без разлика дали тоа е последица на некомпетентност или диригирана кампања.
Целата Панорама: