Европската куќа на фудбалот може да се пофали со доста солидни бројки откако го воведе новото правило за штедење на клубовите. Загубите на европските екипи по воведувањето на фер плејот за трошење пари се намалиле за дури 600 милиони евра.
"Scarface", "Franck N Stein", "Ferraribery" или човекот познат по името Билал Јусуф Мохамед откако стана муслиман, ги победи Лионел Меси и Кристијанот Роналдо при изборот за најдобар фудбалер во Европа.
Екипата на Шахтар Караганди по сензационалните 2:0 на првиот квалификациски меч од Лигата на шампионите против Селтик, загуби на реваншот со 3:0. Покрај од групната фаза на ова натпреварување Казахстанците ќе мора да се простат и од нивната традиција кога ќе играат во Европа.
Европските фудбалски гиганти добија предупредување од УЕФА која е цврсто решена да ги спроведе законите на финансискиот фер плеј при што на никого нема да му биде прогледано низ прсти.
УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот избор при гласањето за најдобар фудбалер во Европа, а според очекувањата на јавноста и на кладилниците, Кристијано Роналдо и Франк Рибери немаат шанса со Лионел Меси.
Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино ја даде својата поддршка за плановите за поместување на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022-та година и одигрување на истото во текот на зимскиот период од годината.
Демонстрациите во Бразил се доказ дека организацијата на првенство е преголем товар за една држава, па УЕФА ја советуваше ФИФА да го следи нивниот пример со ЕУРО 2020 и да ги организира Светските првенства во повеќе земји.
Стефан Ел Шарави, Матија Де Шиљо, Алан Ѕзагоев и Харвард Нордвеит се само дел од фудбалерите кои требаше да бидат ѕвезди на Европското првенство за млади фудбалери, но воопшто нема да настапат или ќе пропуштат по неколку натпревари заради лошото планирање на УЕФА.
Европската куќа на фудбалот одлучи да им ги повлече казните на Малага, Хајдук, Осијек, Партизан, Војводина и Динамо Букурешт кои имаа забрана за настап на европските натпреварувања.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека применувањето на новата технологија на гол-линијата ќе чини премногу пари и дека таа сума би ја насочил кон други проекти. Станува збор за 54 милиони евра за 5 години.
Денешниот ден е посветен на теории на заговор во светот на фудбалот. Најпрвин Горан Пандев обвини дека неговиот глас е фалсификуван во изборот на ФИФА за тренер на годината, а сега и Турците тврдат дека УЕФА го намести извлекувањето на четвртфиналните парови од Лигата на шампиони.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека во 2011-та година направиле грешка со превисоките цени на влезниците за финалето на Лигата на шампиони, па за оваа година решија да ги пуштат во продажба со попуст.
Дури 46 фудбалски клубови не ги исполнуваат условите на финансискиот фер плеј, се вели во извештајот на УЕФА според кој загубите на клубовите пред да почнат да се применуваат новите закони достигнале до 1,7 милијарди евра.
Читателите на сајтот на УЕФА го изгласаа најдобриот состав за 2012 година. Во изборот учествуваа рекордни 5,3 милиони љубители на фудбалот што е за 20% повеќе од минатата година.
Судот за правда на Европската Унија застана во одбрана на правото на фудбалските фанови да можат да ги гледаат натпреварите од Светското и Европското првенство бесплатно на телевизија. Фудбалски фанови 1 - ФИФА и УЕФА 0.
Извршниот комитет на УЕФА го прифати предлогот на комисијата за клупски натпреварувања и од следната сезона ќе започне да организира официјално клупско натпреварување за младински тимови од Европа.
Поранешниот македонски шампион е еден од 23 фудбалски клубови од Европа кои ги прекршиле правилата за лиценцирање и финансиски фер плеј и не си ги добија парите од наградниот фонд на УЕФА.
Со купувањето на Хулк и Витсел, екипата на Зенит е на добар пат да ги прекрши правилата на УЕФА за финансиски фер плеј, но тоа воопшто нема да претставува проблем затоа што овие трансфери беа финансирани од Газпром, компанијата која неодамна стана спонзор и на УЕФА.
Грчки ПАОК и австрискиот клуб Рапид од Виена заработија високи казни и ќе бидат суспендирани од европските натпреварувања ако нивните навивачи ги повторат инцидентите од минатата недела.
И покрај тоа што пред само два дена некој се обиде да ја пласира информацијата дека УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Работнички, тоа се покажа како невистина. ФК Работнички сепак заработи суспензија од европските натпреварувања.
УЕФА под многу сомнителни околности го испрати репрезентативецот на Малта, Кевин Самут во пензија, односно му изрече суспензија од 10 години заради местење на квалификацискиот натпревар Европското првенство на неговата репрезентација против Норвешка.
УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот круг за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Европа. Андрес Иниеста, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се борат за „Златната топка".