Билал Јусуф Мохамед избран за најдобар играч во Европа

"Scarface", "Franck N Stein", "Ferraribery" или човекот познат по името Билал Јусуф Мохамед откако стана муслиман, ги победи Лионел Меси и Кристијанот Роналдо при изборот за најдобар фудбалер во Европа.

Франк Рибери, еден од најзаслужните фудбалери за тројната круна на Баерн Минхен, е прогласен за најдобар играч во Европа. Во изборот на 53 новинари од земјите членки на УЕФА, тој освои повеќе поени од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Ова се фактите кои не сте ги знаеле за него:

- Франк Билал Рибери е роден на 7 април 1983 во Булоњ и е израснат во сиромашно семејство во озлогласен дел од градот.

- На две-годишна возраст тој излетал низ шовершајбната при сообраќајна несреќа и заработил 100 конци. Од таму потекнуваат неговите познати лузни по лицето за што го доби и прекарот "Scarface".

- Рибери бил проблематичен во младоста, па на 16 години бил исфрлен од младинската академија на Лил

- Првото интернационално искуство го стекнува со трансферот во Галатасарај каде бргу станува миленик на навивачите кои му го даваат прекарот "Franck N Stein" заради неговиот изглед, но и "Ferraribery" заради брзината.

- Тој стана муслиман и го смени името во Билал Јусуф Мохамед за да се ожени со својата љубов од детството Вахиба

- Јусуф Мохамед во јавноста се прикажува како тврдокорен муслиман кој не сака да има никаков контакт со алкохолот, но во 2010. година призна дека заедно со Карим Бензема платиле за да имаат секс со 16-годишната проститутка Захиа Дехар.

30 август 2013 - 09:19