УЕФА ги намали цените на влезниците за финалето на Лигата на шампиони на Вембли во споредба со минатото финале помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед кое пред 2 години се одигра на истиот стадион.
16.800 влезници од 4-та категорија ќе се продаваат по 60 фунти, а истите во 2011-та година чинеа неверојатни 150 фунти, плус 26 фунти за административна такса и испорака.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини призна дека цената на влезниците во 2011-та година биле „грешка", па затоа оваа година освен влезниците, ќе биде намалена и административната такса која ќе изнесува 8 фунти.
Од 86.000 влезници колку што ќе биде капацитетот на Вембли за финалето, во продажба ќе бидат пуштени 59.000. По 25.000 ќе им припаднат на финалистите, а само 9.000 ќе бидат пуштени во слободна продажба преку uefa.com.
Останатите влезници УЕФА ќе им ги подели на организаторите, националните асоцијации и спонзорите.
Цената на влезниците од трета категорија ќе изнесува 140 фунти, од втората категорија чинат 230 фунти, а најскапите влезници за финалето на Лигата на шампиони ќе се продаваат за 330 фунти.