УЕФА формира јуниорска Лига на шампиони

Извршниот комитет на УЕФА го прифати предлогот на комисијата за клупски натпреварувања и од следната сезона ќе започне да организира официјално клупско натпреварување за младински тимови од Европа.

Европскиот фудбал од сезоната 2013/2014 и официјално добива ново натпреварување. Вакво натпреварување за младинските тимови на европските клубови постои и во моментов под името "Next Generation", а минатата сезона го освои екипата на Интер под водство на сегашниот тренер на сениорите, Андреа Страмачони.

Јуниорската Лига на шампиони под закрила на УЕФА ќе се игра во форматот на најелитното европско клупско натпреварување. Во групната фаза ќе учествуваат 32 клуба поделени во осум групи со по четири екипи.

Од секоја група во осминафиналето каде победникот во групата ќе му биде домаќин на второпласираниот, а ќе се игра само по еден натпревар, исто како и во четвртфинале и полуфинале.

Во првата сезона право на настап ќе имаат фудбалери родени пред 1 јануари 1995, а УЕФА ќе ги плаќа трошоците за патување и сместување на екипите и официјалните лица.

Пропозициите се очекува и официјално да бидат усвоени од извршниот комитет на почетокот на 2013-та година, извлекувањето на групите ќе се одржи на 29 август, а натпреварите ќе започнат во средината на септември 2013-та година.

14 септември 2012 - 10:18