Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино изјави дека Европската фудбалска асоцијација е цврство решена да ги спроведе правилата за финансиски фер плеј. Тој ги предупреди клубовите дека мора да се прилагодат на законите и да ги намалат финансиските загуби од трансферите до минимум.
Од 2018. година УЕФА ќе ја намали границата до 10 милиони евра, односно ако некој потроши 10 милиони повеќе отколку што заработил со продажба на играчи, на тој клуб му се закануваат санкции од страна на УЕФА.
Ова чето француските клубови ПСЖ и Монако потрошија огромни суми, а на ова поле многу не заостануваат многу ниту Манчестер Сити и уште неколку европски гиганти. Доколку почнат да се применуваат правилата на финансискиот фер плеј, овие клубови ќе имаат многу проблеми.
„Големите и малите клубови мора да ги почитуваат правилата. Минатата година ги предупредивме клубовите дека ќе има санкции. Првавилото почнува да се применува од следната сезона, а во предвид ќе се земат финансиските состојби од оваа и од минатата сезона. Клубовите ги знаат правилата. Казните се парични, забрана за регистрирање на играчи или во краен случај клубот ќе биде исфрлен од натпреварувањето", изјави Инфантино.
Клик тука ако не ви се јасни правилата на финансискиот фер плеј.