31-годишниот Кевин Самут од Малта заработи 10-годишна суспензија за натпревар одигран во 2007-та година во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2008-та година.
УЕФА покрена истрага за натпреварот помеѓу Норвешка и Малта одигран во јуни 2007-та години врз основа на тврдењата на Хрватот Марио Цвитак дека тој го наместил овој натпревар со помош на тројца репрезентативци на Малта.
Самут излегол од игра на полувремето кога Норвешка имала водство од 1:0, а во последните 18 минути кога тој не бил во игра Малта примила уште три гола и домаќините победиле со 4:0.
„Ми рекоа дека ќе добијам помала казна ако ги откријам имињата на останатите инволвирани, но јас не знам ништо. Јас ништо не сум сторил и немам што да откривам", изјави Самут на денешната прес конференција.
Хрватот Марио Цвитак е дел од обложувачката мафија која беше обвинета за местење на натпревари во цела Европа, но досега УЕФА собра храброст да суспендира само фудбалери и клубови од Малта и Македонија.