ПАОК го совлада Рапид со 2:1 на првиот натпревар од плеј-оф колото на Лига Европа, но пред почетокот на натпреварот навивачите на двата клуба предизвикаа сериозен инцидент.
Навивачите на Рапид кои се во пријателски односи со лутиот ривал на ПАОК, грчки Панатинаикос, започнаа да фрлаат бакљи кон домашната публика по што навивачите на ПАОК влегоа на терен и возратија.
Заради овие инциденти, УЕФА му изрече казна од 150.000 евра на ПАОК, а Рапид ќе плати 75.000 евра.
Грчкиот клуб следните три натпревари во рамките на европските натпреварувања ќе ги одигра пред празни трибини, а Рапид без публика ќе одигра еден натпревар.
ПАОК и Рапид ќе заработат и суспензија од една година доколку нивните навивачи направат инцидент во следните три години.